Мицотакис соопшти намалувања на даноците и социјалните придонеси  за бизнисите


 – Трајно намалување  од 100 на 55 отсто на авансот за данокот за сите физички лица и од 100 на 80 проценти за правните   лица кои вршат професионална дејност, продолжување и за следната година на намалување за три отсто на придонесите за осигурување на вработените во приватниот сектор, се дел од мерките за бизнисите и вработените кои денеска ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис,  јави дописничката на МИА од Атина.


 

Истакна дека мерките ќе обезбедат ликвидност на економијата, значително ќе ги зголемат изгледите за динамично закрепнување, но и ќе привлечат инвестиции.

-Владата покажа дека нејзин цврст приоритет намалување на даноците пред, за време, но и по пандемијата. Наша прва грижа по борбата со здравствената криза е брзото закрепнување на економијата и за оваа цел денеска соопштуваме пет мерки што ќе бидат основа, основа, за решителното враќање, рече Мицотакис и додаде дека мерките им помагаат на компаниите кои претрпеа штета за време на пандемијата

Новите мерки беа соопштени на денешниот видеоконференциски состанок на грчкиот премиер со надлежните министри.