Мицотакис – Мишел: За мигрантското прашање потребен е европски одговор



Мицотакис – Мишел: За мигрантското прашање потребен е европски одговор - МИА

Атина, 15 септември 2020 () – Ситуацијата на Лезбос со бегалците и мигрантите и ситуацијата во Источниот Медитеран и односите ЕУ – Турција, во пресрет на Самитот на унијата за десет дена, беа темите на кои се осврнаа претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на прес конференцијата по нивната средба, јави дописничката на од Атина.

Мишел од Атина заминува за Лезбос, каде што, како што рече, ќе има можност со свои очи да ја види ситуацијата. Порача дека е потребен европски одговор за мигрантското прашање

-Мигрантското прашање е предизвик за ЕУ, не е предизвик само за некои земји –членки. Ќе треба да заедно да видиме какви одговори можеме да дадеме, на европско ниво, рече Мишел и додаде дека потребен е одговор и за борбата со нелегалната миграција, но и за политиката на враќања.

Мицотакис истакна дека она што се случува на Лезбос покажува колку е „сложен и долгогодишен проблемот“, додека пак за миграциското прашање рече дека Грција крева „неподнослив товар од заедничкиот проблем“.

– Време е, европската поддршка да премине од зборови во дела, со други зборови, да се преточи во опиплива солидарност. За да можеме конечно да успееме, онаму, каде што мислам дека имавме храброст како Европа да признаеме дека во минатото, не успеавме. И управувањето со ваквиот предизвик не може да се остави само на земјите од првите редови, на надворешните граници на Европа. Потребна ни е нова политика за миграцијата, идентификацијата, доделувањето азил, преместувањето и враќањето, истакна грчкиот премиер и додаде дека со интерес ги очекуваат предлозите на ЕК за новиот европски договор за миграција и азил.

Во однос на Источниот Медитеран, Мицотакис рече дека и за конкретното прашање имаат исти позиции со Мишел, додавајќи дека однесувањето на Анкара кон земјичленки на Унијата ќе има влијание и врз европскотурските односи.

Објасни дека деескалацијата од Турција, треба да има континуитет и повтори дека Грција е подготвена да разговара, врз основа на меѓународното право и за единствената разлика – одредување на Ексклузивната економска зона.

Мишел објасни дека следниот Самит на ЕУ ќе биде посветен на ситуацијата во Источниот Медитеран и односите на Унијата со Турција.

-Постои прашањето за безбедноста, стабилноста во Медитеранот и ова не е поврзано само со Грција и Кипар, туку со Европа во целост, рече претседателот на Европскиот совет и додаде дека е потребно Европа е солидарна со Грција, а треба да се работи врз основа на два методи, строгост кога нема почитување на принципите, но и отвореност доколку постои добра волја.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*