Мицотакис, Меркел и фон дер Лајен разговарале за изградбата на новиот бегалски центар на Лезбос


Мицотакис, Меркел и фон дер Лајен разговарале за изградбата на новиот бегалски центар на Лезбос - МИА

Атина, 18 септември 2020 () – За оперативната соработка со Европската унија во новиот постојан центар за бегалци и мигранти што ќе се изгради на Лезбос, преку видео конференција, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на од Атина.

За време на разговорот, Мицотакис им презентирал и видео од новиот, привремен камп во Кара Тепе, споредувајќи ја со ситуацијата во Мориа.

Во новиот камп се сместуваат бегалците и мигрантите кои останаа на улица откако пред десетина дена изгоре најголемиот бегалски камп во Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска биле префрлени уште околу 2.000 бегалци и мигранти, со што во новиот, привремен камп веќе има околу 7.000 лица.

Од спроведените тестови за Ковид-19 пред сместувањето во шаторите, позитивни биле резултатите на 174 бегалци и мигранти.


Вести

ЕУ очекува што е можно побрзо договор за преговарачката рамка и старт на преговорите за членство

-Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека што е можно побрзо ќе биде постигнат договор за преговарачката рамка и ќе може да се одржи меѓувладината конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, […]

Вести

Градинките и училиштата остануваат отворени, засега во нив нема жаришта на коронавирусот

– Градинките и училиштата во кои настава посетуваат деца до трето одделение и натаму остануваат отворени. Надлежните велат дека засега ситуацијата е под контрола и оти нема ширење на зараза од коронавирусот во овие установи. […]

Вести

Рекорден број заразени – 934 од 2748 тестирања, пет починати, резултати од мерките за четири недели

– Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот се регистрирани 934 новозаразени со коронавирусот од 2748 тестирања, што е најголем број на инфицирани во едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Пет лица починати, а 434 се оздрвени. Од […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*