Мицотакис: Дилемата е самозаштита или карантин


Дилемата самозаштита или карантин ја постави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата нова телевизиска порака до граѓаните во која говореше за ситуацијата со коронавиусот во Грција, за потребата да се почитуват мерките, ставајќи го акцентот на употребата на маска, за индивидуалната одговорност, а секако, не соопшти дополнителни рестриктивни мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ќе кажам отворено. Дилемата е самозаштита или карантин. И знаејќи ги последиците од вторто, должни сме да го избереме првото. Без многу зборови, но со малку постапки, проверени и ефективни: дистанца, лична хигиена, а особено маска, додека да се најде лек и вакцина. Секако, би се осмелил да кажам дека маската е вакцина, додека да дојде вакцината, порача Мицотакис.

Објасни дека во справувањето со новиот бран на пандемијата „треба држвата, научниците и граѓаните уште потесно да соработуваат со поголема меѓусебна доверба“, додаде дека земјата, сега е повеќе подготвена од претходно, бидејќи познато е кои мерки носат резултат, но истакна дека дури и најефективната мерка „зависи од доследото спроведување“.

-Или повторно заедно ќе успееме или заедно ќе ја загубиме шансата, истана грчкиот премиер.

Додаде дека следните седмици ќе бидат одлучни за следните месеци, а можеби и години.

-Поминавме седум тешки месеци. Владата, потсетувам дека иствремено се бори на многу фронтови: националните прашања, мигрантското прашање, економијата, но и природните катастрофи. Но, особено во војната за здравјето, како никаде на друго место, свесниот граѓанин ни е потребен за сојузник, рече грчкиот премиер.

Во речиси десет минутната порака до граѓаните, Мицотакис говореше и за здравствениот систем, истакна дека е зголемен бројот на кревети на Одделите за интензивна нега, од 557 на речиси 1.000, вработени се околу 6.200 нови болничари и лекари, зголемен е дневниот број на тестови и сл.

Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаи на Ковид-19, а починаа девет лица.

Од почетокот на епидемијата заразени се 16.627, а починаа 366 лица.


Вести

Нови ковид мерки – Угостителите ќе работат до 23 часот, администрацијата од дома, а јавниот превоз со преполовен капацитет

– Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од […]

Вести

Угостителските објекти ќе работат само до 23 часот

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да […]

Вести

408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 4 лица

  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*