Мета: Во Северна Македонија постои клима на безбедност и демократија


Мета: Во Северна Македонија постои клима на безбедност и демократија - МИА

Тирана, 9 јули 2020 () – Во Северна Македонија изборите ќе се одржат само по неколку дена, но постои клима на безбедност и демократија, која преовладува благодарение на зрелоста на политичкото лидерство во целина, но и нормалното функционирање на институциите, оценува албанскиот претседател Илир Мета.

Правејќи споредба со состојбата во неговата земја, тој додава дека „за жал кај нас, иако сеуште нема датум за избори, сепак, постои вештачка напнатост на хоризонтот, како да изборите ќе бидат утре“.

-Заслепеноста да се задржи или да се преземе власта по секоја цена, кај нас придонесе да изгледаме како да со нашиот источен сосед, припаѓаме на два далечни континента, додава Мета во објавата на Фејсбук.

Според него во Албанија расте пандемијата со Ковид-19 , заедно со дефицитот и јавниот долг.

Посочува дека не смее да се изгуби ниту една минута во исполнувањето на битните услови за започнување преговори, со цел Албанија, заедно со соседите, да чекори кон Европската унија.

-Справувањето со пандемијата и исполнувањето на условите треба да бидат двете главни цели за сите. Првиот го штити здравјето и животот на секој граѓанин, а вториот ја спасува европската иднина на Албанија за која сите се колнат со зборови и програми. Сега е времето за добри дела, наведува шефот на албанската држава Илир Мета во објава на Фејсбук.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*