Мета повика на обединет фронт за враќање на демократијата


Мета повика на обединет фронт за враќање на демократијата - МИА

Тирана, 22 мај 2020 () – Албанскиот претседател Илир Мета повика на пристапување кон граѓанските движења, што се формираат низ целата земја за да се создаде обединет фронт за возобновување на демократијата преку слободни и фер избори, јави дописничката ан од Тирана.

Преку објава на Фејсбук, Мета го повикува народот да застане во одбрана на демократијата и да ја урне тиранијата.

-Мај е посебен месец за одбележување на револтот против најбруталната диктатура што Европа ја познава за половина век. Затоа, ние им оддаваме почит на луѓето од Ќаф Бар и Спач, двата најстрашни затвори, кои се осмелија да застанат и да се борат за својата слобода и права, давајќи ги своите животи. Тие го разбија митот за неповредливоста на криминалниот режим и покажаа дека не може да се биде вечен, напиша Мета.

 

Денес кога ќе видиме до каде падна нашата демократија, додава тој, единствената почит што можеме и треба да ја направиме за нивните жртви е да им се придружиме на граѓанските движења што растат низ целата земја за да „создадат обединет фронт за враќање на демокреатијата преку слободни и фер избори“.

– Секоја чест за Алијансата за одбрана на татарот, кои ја освоија восхитта на цела Европа за својата благородна кауза и ја отстранија последната маска од режимот на криминално насилство. Сите да се кренеме за демократијата! Кога се крева народот паѓа тиранијата! Слободата се добива, не се подарува, напиша Мета на Фејсбук.

Политичките тенизии во Албанија, кои навидум се смирија по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември минатата година и пандемијата со Ковис-19, повторно се појавија по уривањето на објектот на Националниот театар, на 17. овој месец. Против неговото уривање, покрај театарските работници и граѓанскиот сектор, беше и опозицијата и шефот на државата.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]