Мета потврди дека ќе учествува на протестот на 6 декември

meta_34545354

– Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на  на третиот по големина политички субјект во земјата, Партијата на слободата, Илир Мета, денеска за првпат  потврди дека ќе се  приклучи на протестот на 6 идниот месец што Демократската партија го свика токму на денот кога лидерите на Европската унија ќе слетаат во Тирана како дел од Самитот ЕУ-Западен Балкан.

-Без дискусија, на 6 декември сите громогласно ќе викаме „да ја направиме Албанија како цела Европа”, слободна земја каде што еднаш засекогаш ќе се стави крај на заробувањето на државата и инсталирањето на мафијата на власт. Безбедноста во Албанија е секогаш под закана од мафијата на власт, а не од нејзините слободни граѓани, рече Мета.

Најави дека тоа се проевропски, мирни протести.

– Ќе биде проевропска манифестација со која  цела Албанија сака да даде порака на благодарност, меѓу другото и за геополитички важната одлука на ЕУ да ја поттикне  Албанија и другите земји да чекорат по патот на европската интеграција и берлинскиот процес кој го олеснува овој пат. Во Албанија нема и не треба да има ништо над Уставот, порача тој.

На новинарска забелешка зошто до сега не го потврдил учеството тој со одговор ” можеби не  бевте свесни за тоа зашто ние јасно ставивме до знаење дека декември е  месец на демократијата”.

Протестот е најавено да се одржи пред владата со почеток во 12 часот.

Откако полицијата не даде дозвола за одржување на истиот, одлуката на полицијата  Бериша ја оцени за ништовна, притоа нагласувајќи дека „ништо не го спречува опозицискиот народ да го преплави  булеварот на 6 декември во 12 часот“.

Според него, со оваа одлука полицијата потврдила дека не ги познава законите и Уставот на земјата, кои го признаваат правото на протест.

Facebook
Twitter
LinkedIn