Мета порача дека на функцијата останува до 2022, за граѓаните тој е вистински државник


Албанскиот претседател Илир Мета по речиси тричасовното испрашување во парламентарната анкетна комисија со прва реакција се јави на неговиот профил на Фејсбук.

Очевидно повеќе од задоволен тој наведува дека е среќен што по две години се вратил во Парлментот, но им порача на оние кои сакаат да го разрешат дека „институцијата претседател останува во одбрана на Уствот до 24 јули 2022 година, кога му завршува петгодишниот мандат“.

– Многу сум среќен што се вратив во Парламентот по две години, уште еднаш да кажам дека институцијата Претседател до 24 јули 2022 година ќе биде цврст столб на одбраната на Уставот, демократијата, плурализмот, националниот и јавен интерес, со единствена цел брзо и без доцнење членство на Албанија во Европската унија, напиша Мета на Фејсбук.

Во коментарите албанските граѓани му даваат целосна подршка на Мета нарекувајќи го „вистински државник“.

По денешниот распит во комисијата, неговото стабилно држење, постојаната насмевка и мудрите одговори на провокциите на дел од членовите на комисијата а што директно беше пренесувано на медиумите, оценка е дека неговиот рејтинг е видно зголемен.

Тоа уште повеќе што по завршување на распитот Мета и тројцата негови советници беа на кафе во кабинетот на претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.

На Мета сега му претстои средба со делегацијата на Венецијанската комисија, која по повеќе средби кои ќе ги има во Тирана, треба да даде мислење околу тоа дали Мета не го почитувал Уставот.


Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата - МИА
Вести

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 6 јуни 2020 () – Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, […]

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово - МИА
Вести

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Скопје, 6 јуни 2020 () – За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино […]

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19 - МИА
Вести

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Скопје, 6 јуни 2020 () – Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека […]