Месец јули најтопол во централна и јужна Грција од 2010 година

grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во централна и јужна Грција месец јули оваа година бил најтоплиот јули во изминатите 13 години со температури над два степени повисоки од просечните за конкретниот месец од 2010 година, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми отстапки во температурите во јули биле регистрирани на островот Крит каде што температурата била за околу 2,8 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната.


Во Атина, просечната месечна температура била за 1,9 степени повисока, а 23 од 31 ден во месецот биле потопли од нормалните нивоа за конкретниот период.

Во Солун, 18 дена од јули биле потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година.

Во цела Грција најголеми зголемувања на температурата имало за време на топлотниот бран од 13 до 27 јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK