Мендони: Одлука за Света Софија отворена провокација кон целиот цивилизиран свет


Помпео бара од Турција Аја Софија да остане музеј - МИА

Атина, 10 јули 2020 () – Денешната одлука, резултат на политичката волја на претседателот (Реџеп Тајип) Ердоган е отворена провокација кон целиот цивилизиран свет, кој ја признава уникатната вредност и универзалноста на споменикот, наведе грчката министерка за култура Лина Мендони во писмената изјава за одлуката Света Софија од споменик да стане џамија.

Како што  јави дописничката на од Атина, Мендони истакна дека никој не се обидува да се меша во внатрешните прашања на Турција, но оти Света Софија, што се наоѓа на турска територија е споменик на човештвото, независно од религијата и додаде дека Ердоган ја враќа земјата шест векови назад и „избира културна изолација за земјата“.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на видеоконференциската средба со министрите за надворешни работи од Европската народна партија, истакна дека денешната одлука на турскиот суд, претставува провокација за светското културно наследство и за УНЕСКО.

– Ги известив моите колеги за одлуката што го поништува декретот на Кемал Ататурк од 1934 година, за заштита на Света Софија со претворањето во музеј, што претставува провокација за светското културно наследство, како и за УНЕСКО, напиша Дендиас на Твитер.

Преку Твитер реагираше и министерот за надворешни работи на Кипар, Никос Христодулидес, кој ги осуди постапките на Турција.

 


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*