МД „Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат во лекувањето на малиот Василиј


Денот на независноста го честитаа МД „Илинден“ и МАЕИ - МИА

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати апел до Македонците во Албанија, но и до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на малиот Василиј.


 

– Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донира, да помогнеме во лекувањето на малиот јунак Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Тој е роден на 25 март, предвреме 28 недела, но за жал со проблеми со срценцето, белите дробови и главчето. Средствата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f/gib-vasilij-eine-chance … но и сметката Стопанска Банка АД Битола 500600019060885 – Симона Анчева, стои во апелот на друштвото.

Се додава дека поради своето предвремено раѓање малиот Василиј сè уште е во инкубатор и машина за дишење, процес кој ќе трае долго, можеби повеќе и од два месеца, за што се потребни средства за да ги добие сите битки.

– Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Василиј, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе му дадеме поддршка на Василиј да има безгрижно детство и да ги оствари своите соништа, се наведува во апелот на друштвото.

Исто така, се посочува дека малиот Василиј имал одредени други здравствени проблеми, кои за среќа пополека ги надминува.