Во туристичкиот комплекс во село Семетеш во соседна Србија од вечерва до петок ќе се одржува 11. Меѓународната стрип-колонија „Рашка 2023“, каде преку Строп Центарот на Македонија-Велес претставнички на земјава се младите Ангела Петрушевска и Јана Бутеска од Скопје. На оваа стрип колонија ќе учествуваат и млади од стрип училиштата од Србија: од Ваљево, Рашка, Лесковац, Белград и Крагуевац.
Како што информира Томе Трајков програм координатор од СЦМ-Велес со учество на македонски автори на оваа стрип колонија се продолжува повеќе годишната успешна соработка помеѓу Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац“ од Рашка.
Како што појасни Трајков од 2015 година тие редовно секога година делегира учесници на оваа колонија,освен во годините за време на пандемијата кога беше прекината.
Во Рашка ќе се одржат и предавања, промоции и слично од поканетите специјални учесници. Она што е заедничко за двете колонии во Рашка и во Велес е ангажирањето на реномираниот стрип автор и педагог од Белград, Влада Весовиќ.
Трајков нагласува дека соработката и дружбата помеѓу македонската и рашката стрип-сцена ќе продолжат кон крајот на месец август, на 20 -от Мегународен стрип салон и 5-та Меѓународна стрип-колонија во Велес, а со учество на стрип автори од повеќе земји.