Македонски државјанин уапсен кај Батровци поради нелегално поседување муниција

flesheri_546456454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Северна Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар, јави Бета.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека македонскиот државјанин е осомничен за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.


Одредена му е мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK