Македонците во Албанија ја одбележаа Василица



– Македонците во Албанија го прославија празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар.

По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција.

Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе.

– Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Поградец… домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта, велат од македонското друштво „Илинден“.

Во исто време друштвото упати честитка по повод Православна Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората, со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]