Локалните избори во Бугарија ќе се одржат во крајот на октомври

bugarija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Бугарија,  Румен Радев денеска потпиша указ за закажување на изборите за општински советници и градоначалници за 29 октомври 2023 година.

Радев го одреди датумот по работната средба со претставници на раководството на Централната изборна комисија (ЦИК). Разговорот беше фопкусиран на спецификите на гласањето и за претстојната работа околу организацијата на изборниот процес. ЦИК го информираше претседателот за техничките и логистичките карактеристики што Комисијата мора да ги почитува за локалните избори и подготвеноста за нивно одржување, соопшти Кабиентот на Радев.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK