Лидерите на ЕУ на видеосамит за кризата со корнавирусот, се очекува и потврда за преговорите со Скопје и Тирана


Европските шефови на држави и влади во четири часот попладнево ќе се состанат преку видеоконференција за редовниот пролетен самит на Европската Унија.

Главна точка на дневниот ред ќе биде кризата со коронавирусот, неговите здравствени и економски последици и начинот на ЕУ планира да се справи со нив.

Европската Комисија како и Европската централна банка дадоа зелено светло за омекнување на финансиските и буџетските правила за земјите членки за да можат да ги преземат потребните мерки во наредните месеци и да го ублажат економскиот шок што следува.

На располагање се ставаат и солидарни фондови за справување со кризата, но остануваат отворени несогласувања и тензии помеѓу земјите, посебно во однос на некоордираноста на мерките во ЕУ. Додека одредени земји донесоа одлуки за стриктна изолација за да се спречи ширењето на вирусот, други, меѓу кои Холандија, остануваат на ставот дека е потребно да се изгради „колективен имунитет“, став кој оди против препораките на Светската здравствена организација.

На последниот видеосостанок на земјите членки на Еврозоната, Холандија исто така стави на знаење дека е против поголема економска солидарност во ЕУ во справувањето со последиците.

Земјите членки би требало, доколку имаат време, и да ги повторат заклучоците од последниот Совет за општи работи на ЕУ на кој е одлучено да се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија.


Вести

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

Интегрален текст од прес конференција – Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕПочитувани, Има ли некој кој верува дека денес е Македонија на прав пат? Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони […]

Вести

Пациентка од Струга почина од Ковид-19, 22 нови случаи, вкупно заболени 241 лице

– Дваесет и два нови случаи на заболени од коронавирус се регистрирани изминатите 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство. По градови во Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), […]

Вести

Чулев: Во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

– Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на […]