Лекарските уверенија во Грција ќе се издаваат и електронски



– Преку специјалната апликација „MyHealth“, граѓаните во Грција ќе можат електронски да вадат леарски уверенија, а новата услуга ја презентираа министерот за дигитална политика Кирјакос Пиракакис, неговиот заменик Јоргос Георгадас, министерот за здравство Танос Плеврис и претседателката на електронската платформа за социјално осигурување Ники Цума, јави дописничката на МИА од Атина.


 

Станува збор за уверенија што лекарите ги издаваат за спортски активности на граѓаните и други законски намени, а како што беше потенцирано на презентацијата, процедурата е едноставна и лесна.

Лекарот го внесува единствениот матичен број на пациентот и ја одбира конкретната услуга и видот на уверение, по што уверението ќе биде испратено по мејл.

Проверката ќе се врши преку истата апликација, со пребарување на единствениот баркод на самото уверение.