Лажните вести и теориите на заговор за Ковид-19 пред грчкото Обвинителство



Лажните вести и теориите на заговор за Ковид-19 пред грчкото Обвинителство - МИА

Атина, 4 август 2020 () – Ќе ги преземеме сите законски мерки за дезинформациите или теориите на заговор што почнаа да кружат на интернет, со цел да не бидат закана за јавното здравје, вели министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис под чија наредба до Јавното обвинителство е доставен материјал за кој треба да се оцени дали постои кривично дело, јави дописничката на од Атина.

Надлежниот министер наложил до Дирекцијата за борба со компјутерски криминал да достави до Обвинителството објави на интернет за непочитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

– Ќе ги преземеме сите законски мерки за дезинформациите или теориите на заговор што почнаа да кружат на интернет, да не бидат закана за јавното здравје. Коронавирусот не е погоден за повици за непослушност или сценарија за заговор. Во секоја наша активност, во секоја наша постапка, треба да преовладува одговорноста и свеста за последиците врз нашите сограѓани. Државата нема да дозволи создавање извори на опасност за јавно здравје од социјално неодговорни однесувања, вели министерот за цивилна заштита на Грција.


Од среда почнува предвремена исплата на мајската пензија - МИА
Бизнис и економија

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

– Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да […]

Вести

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

– Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*