Лајчак: Во тек е разговор со Петковиќ и Бислими

lajcak_3453

 Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека во тек се разговори со главните преговарачи на двете страни Петар Петковиќ и Бесник Бислими.

„Денеска бев домаќин на главните преговарачи од Белград и Приштина како продолжение на дијалогот што се водеше на високо ниво. Искрено се надевам дека денеска ќе успееме да најдеме решение за да ги деескалираме тензиите на терен и да работиме на нормализација на односите. Разговорите се во тек“, објави Лајчак на Твитер.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано претходно денеска соопшти дека  Бисилими и Петковиќ, доаѓаат во Брисел на покана на европските институции со цел да најде решение за регистарските таблички.

Facebook
Twitter
LinkedIn