
– Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак ќе допатува денеска во дводневна официјална посета на Косово, каде што ќе има средби со политичките лидери, странските дипломати и претставниците на граѓанското општество, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на Канцеларијата на ЕУ во Косово, цел на посетата на Лајчак е да се разгледа „напредокот постигнат по обновувањето на дијалогот со посредство на ЕУ во јули годинава, како и наредните чекори во преговорите за постигнување сеопфатен договор“.
Повикувајќи се на извори од Брисел, косовските медиумите објавија дека, по Приштина, Лајчак ќе го посети и Белград, во обид „да го деблокира прашањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово“.