Лајчак: Продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата во северно Косово

lajcak
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска, сумирајќи ги настаните од изминатата недела, изјави дека продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Лајчак на Фејсбук потсети дека на почетокот на оваа недела ги посетил Белград и Приштина поради следење на напорите на ЕУ за изнаоѓање решение за тензичната ситуација на северот на Косово, нагласувајќи дека тие посети му помогнале да ја разјасни ситуацијата на терен и потребните идни чекори.


„Главниот фокус беа моите сoстаноци со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград и со претседателот и премиерот на привремените приштински институции Вјоса Османи и Албин Курти во Приштина, каде што беа истражени опциите на патот напред во согласност со барањата на ЕУ за деескалација на северот на Косово и организирање нови локални избори со учество на косовските Срби, како и враќање на дијалогот“, истакна Лајчак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK