Лајчак денеска во посета на Приштина, утре во Белград

lajcak
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог,от меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, денеска и утре ќе ги посети Косово и Србија, со цел да го следи спроведувањето на одлученото и договореното во Брисел и да ги подготви следните чекори и состаноци, пренесува Бета.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека Лајчак денеска ќе престојува во Приштина, а утре ќе го посети Белград. Според очекувањата, тој ќе се сретне со лидерите на Србија и Косово, но и со главните преговарачи, бидејќи во моментов работи на подготовка на средбата на шефовите на преговарачките тимови.


Ова е прва посета на Лајчак на регионот по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 2 мај во Брисел, каде што беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица, но не беше постигнат напредок за формирање Заедница на општини. со српско мнозинство во Косово.

Приштина го отфрли предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство претставен во Брисел од страна на Управувачкиот тим, а следниот ден го распушти Управувачкиот тим, со образложение дека на состанокот на 2 мај го презентирале статутот и оти со тоа нивниот мандат бил исполнет.

Управувачкиот тим се состоеше од четворица членови од српската заедница кои беа предложени од Србија и формално именувани од косовската Влада.

Европската Унија оцени дека со одлуката за распуштање на Управувачкиот тим, косовската страна го прекршила „духот и словото“ на договорот во дијалогот затоа што тоа тело треба да остане во сила се додека не се усвои Статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство.

На средбата во Брисел на 2 мај, Косово ја претстави својата визија за тоа како треба да изгледа Заедницата на српските општини, а премиерот Курти објасни дека како модел е искористена позицијата на Србите во Хрватска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK