Лајчак: Црна Гора треба помалку да се фокусира на себе, а повеќе на европската агенда

lajcak
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот пратеник на Европската унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак изјави дека очекува Црна Гора помалку да се фокусира на себе, а повеќе на европската агенда.

„Црна Гора е сè уште лидер, иако брзината на европските реформи е значително забавена. Но, добро е што функционалноста на Уставниот суд е вратена“, рече Лајчак во интервју за Хина, за време на неговото учество на економскиот форум во Делфи, Грција.


Лајчак истакна дека очекува новиот претседател и владата целосно да се посветат на евроинтеграциите, што го посакуваат мнозинството жители.

„Црна Гора долги години е фактор на стабилност на Балканот, така што очекувам да продолжи да ја игра таа улога“, додаде Лајчак.

Министерот без ресор Зоран Миљаниќ на форумот во Делфи рече дека „оптимално би било Црна Гора да стане членка во следните четири години“.

Лајчак, пак, вели дека е „неблагодарно да се зборува“ за датумите на следното проширување на ЕУ.

„Но, она што би сакал да го видам е нашите партнери од Западен Балкан да почнат да учествуваат повеќе во партнерските програми на ЕУ. Да бидат во иста просторија. Не само кога разговараме за Западен Балкан, туку и да бидат дел од дискусијата за други теми, да видат дека сме сериозни со нив“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK