Курти се сретна со Гренел во Амбасадата на САД во Приштина

Лидерот на Движењето Самоопределува, партија која победи на неделните парламентарни избори во Косово, Албин Курти, се сретна попладнево во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина со претставникот на претседателот Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Србија и Косово, американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, средбата на Курти и Гренел се одржа непосредно по завршувањето на средбата на Гренел со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Курти по завршувањето на средбата ја напушти Амбасадата без да даде изјава за медиумите, како што немаше изјави ниту по средбата во кабинетот на Тачи.

Гренел, кого Трамп го именува за свој претставник минатиот петок, утре ќа отпатува за Белград, каде што треба да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. За време на денешниот престој во Приштина најавени се средби и со претставници на други политички партии. 

Вести

Можна лидерска средба кај претседателот Пендаровски

Претседателот на ДУИ Али Ахмети добил покана од претседателот на државата Стево Пендаровски за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно“, потврдија за МИА […]

Вести

Што е договорено за Брегзит

Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за Брегзит, и ако биде ратификуван, граѓаните и компаниите конечно ќе имаат појасна слика за тоа што ги чека во иднина. Тоа, меѓутоа, е големо „ако“, бидејќи британските […]

Вести

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи четвртото продолжение на 114.седница во рамки на која ќе расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за […]