Курти отпатува во Минхен на конференцијата за безбедност


– Косовскиот премиер Албин Курти отпатува денеска во Германија, каде што ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за порталот „Газета експрес“ ја потврдија извори од партијата на Курти, Движењето Самоопределување.

Ова е прва меѓународна конференција на која учествува Курти во својство на премиер, откако ја презеде должноста на 3 февруари.

Заедно со премиерот, во Минхен отпатува и новиот министер за надворешни работи на Косово Глаук Коњуфца.

На конференцијата во Минхен вчера замина и претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој денеска заедно со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет присуствуваше на потпишувањето на договорот за железнички и патен сообраќај меѓу Косово и Србија.

Пред заминувањето во Германија, Курти вчера го повика Тачи на состанок за усогласување на ставовите за надворешната политика, меѓутоа претседателот не одговори на поканата.


Вести

Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од голема количина со крајна дестинација во земјава, засега приведени четири лица

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

– За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните […]