Курти како в.д. премиер го разреши вицепремиерот Хоти


 – Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти, недолго откако во Собранието беше изгласана недоверба на неговиот кабинет, го разреши од должноста првиот потпретседател на Владата Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението кое кабинетот на Курти го испрати до медиумите синоќа по полноќ, се наведува дека, согласно неговите законски и уставни овластувања, премиерот Курти донесе одлука „г. Авдулах Хоти да се ослободи од функцијата вршител на должноста прв вицепремиер“.

Разрешениот вицепремиер е член на раководството на Демократкиот сојуз на Косово (ЛДК), партијата на чија иницијатива доцна синоќа Собранието со мнозинство гласови му изгласа недоверба на Курти и неговата Влада. 


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]