Курти и Мустафа не се договорија за новата влада


Лидерите на Движењето „Самоопределување“ и на Демократскиот сојуз на Косово, Албин Курти и Иса Мустафа не успеаја денеска да се договорат за идната заедничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната средба зад затворени врати во косовското Собрание, по која се најавуваше потпишување договор за коалиција, двете партии кои победија на октомвриските избори најавија дека преговорите ќе ги продолжат „во следните денови“.

Курти по состанокот изјави кратко дека сепак е постигнат извесен напредок.

– Договор, сепак, немаме. И натаму има прашања за кои не се согласуваме, изјави лидерот на „Самоопределување“, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на влада.

Мустафа истакна дека со Курти имале „содржакни разговори“.

– Се согласивме во врска со владината програма. Договор за коалиција денеска нема, но се договоривме да продолжиме да работиме. Нашите разлики ќе ги соопштиме откако ќе ги приближиме ставовите, нагласи Мустафа


Вести

Македонското знаме кренато пред седиштето на НАТО во Брисел

– Знамето на Северна Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Знамето беше кренато додека се интонираше химната на […]

Вести

Регистрирани 26 нови случаи на коронавирус, еден починат и девет пациенти излекувани

– Изутрината се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 285 дијагностицирани пациенти. Почина еден пациент, а девет пациенти се излекувани и испишани од болничко лекување, објави на својот фејсбук профил министерот за […]

Бизнис

Бензините поевтини до денар ипол, дизелот поскап за половина денар

– Цените на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар ипол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно […]