Курти до Пленковиќ: Косово никогаш нема да ја заборави хрватската хуманост



Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи - МИА

Во писмото до Пленковиќ, кое го објави владината служба за информирање, Курти вели дека брзата реакција на хрватските власти во пружањето лекарска нега на повредените и грижата за другите патници „ги одразува највискоите вредности и племенитото срце на хрватскиот народ“.


 

– Вашето самопожртвувано залагање и на институциите на Вашата држава за да им ја пружите сета потребна грижа на нашите сонародници, ги допре длабоко нашите срца. Народот и Владата на Република Косово никогаш нема да го заборават овој чин на хуманост и солидарност со нашата трагедија. Со најголема почит, ве уверуваме дека Република Косово секогаш ќе ги има срцето и вратата отворени за пријателите како вас, се вели во писмото на Курти до Пленковиќ.

Автобус со косовски регистерски таблички кој сообраќаше на релацијата Франкфурт – Приштина и пренесуваше Косовари кои се на печалба во Германија, минатата недела, 25 јули, околу шест часот наутро излета од патот и се преврте во близина на Славонски Брод, при што загинаа 10 лица, а повеќе од 40 беа повредени. На возачот на автобусот, за кој се претпоставува дека заспал додека возел, хрватските власти му одредија 30-дневен притвор.