Кулоглу: Преспанскиот Договор заслужува Нобелова награда за мир

Грчкиот европратеник од Сириза и долгогодишен новинар, Стелиос Кулоглу, во разговор за МИА вели дека нема сомнеж дека Преспанскиот договор ќе помине во Грција и смета дека тој треба да добие меѓународно признание, на пример во облик на Нобелова награда за мир.

Заев и Ципрас, вели тој, покажаа политичка храброст и тоа треба да добие симболично признание на меѓународно ниво.

– Ако зборувате со кого било во Европскиот Парламент, од левицата или од десницата, ќе ви го кажат истото. Дека е фундаментален договор за стабилноста и мирот на Западниот Балкан и многу ќе придонесе за стабилноста на цела Европа. И не само тоа, туку е и модел за решавање спорови кој може да биде репродуциран во други конфликти, изјави Кулоглу за МИА.

Европратеникот вели дека е обезбедено апсолутно мнозинство во грчкиот Парламент, вклучително и поддршка од пратеници на националистичката партија и коалициски партнер на Сириза, АНЕЛ, и покрај ставовите на лидерот Каменос.

Кулоглу им порачува на македонските пратеници и политичари кои се против Преспанскиот договор да обрнат внимание на националистичките гласови во Грција кои се противат на овој договор, и порачува дека идејата за подобар договор во иднина е смешна.

– Истиот аргумент го користи и опозицијата во Грција. Дека ќе преговараат подобар договор. Подобар за кого? Подобар за Грција значи против македонските интереси и обратно. Сосема надреално е. Тоа е демагошка, популистичка и националистичка позиција, вели Кулоглу, кој екстремистичките позиции од двете страни на границите ги нарекува “подземен тунел на идиоти и демагози“ кои се потхрануваат меѓусебно.

Според него, аргументите на грчката опозиција против Договорот поради признавањето на македонскиот јазик и нација немаат место во политиката и дипломатијата.

– Аргументот им е дека се откажуваме од македонскиот јазик и нација. Не е на нас да одлучиме кој јазик зборуваат нашите соседи, не сме професори по лингвистика. Во грчката литература од почетокот на дваесеттиот век, кај „патриотиски“ писатели, со нацоналистички позиции, споменуваат македонски јазик за јазикот кој го говрело славомакедонското население. Ова не е прашање за дипломатија. Истото е со прашањето за нацијата. Велат дека се откажуваме од нацијата, но во Грција нема македонска нација од која ние се откажуваме. Има северни Грци кои се нарекуваат Македонци, но тоа не е научен термин, вели европратеникот.

За Кулоглу Преспанскиот договор претставува признавање од двете страни за грешките од минатото во овој спор и е конечно можност да се гледа кон иднината, наместо минатото и симболите.

– Иднината на вашата земја нема да се реши со детали од еден договор, иднината на земјата е во големата ориентација за влез во ЕУ, во НАТО ако сакате. Ако правите договор секоја страна треба да признае кои се нејзините сопствени грешки. Од страна на Грција овој договор претставува признание за начинот на кој му се пристапуваше на овој проблем. Од другата страна треба да се признаат исто грешките, и да се оди напред, вели Стелиос Кулоглу во интервјуто за МИА.

Вести

Коцијанчич не сака да се меша во владеењето на правото во Република Македонија

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич уште еднаш повтори дека не може да коментира судски процедури кои се во тек и дека некои работи не се во надлежност на ЕУ. – Реагиравме, рековме дека се […]

Вести

Меј: Не сум „модерен Невил Чемберлен“

Британската премиерка Тереза Меј ги отфрли денеска обвинувањата дека претставува „модерен Невил Чемберлен“, премиер кој една година пред почетокот на Втората светска војна изјавувал дека обезбедил мир со Хитлерова Германија. Некои пратеници од Конзервативната партија […]

Вести

„Сите членови да доаѓаат пред Собрание“, „Сега е моментот” – смс пораки на рочиштето за „27 април“

Со изведување смс и вибер пораки меѓу учесниците на „крвавиот четврток” денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Рочиштето почна со читање […]

No Picture
Вести

Конзервативците собрале доволно потписи за недоверба на Меј, таа тврди дека ќе преброди

Британската премиерка Тереза Мај ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит, јави Би-Би-Си. – Ќе го пребродам тоа, рече таа И покрај неколкуте оставки на министри […]

Балкан

Бошњаци иселеници бараат на Брнабиќ да и се забрани влез во БиХ поради изјава за Сребреница

Негирање на геноцидот во Сребреница и искривување на судските факти за најголемото злосторство после холокаустот во Европа претставува намерен и организиран напад врз вистината и правдата, државата БиХ и жртвите, предупреди денеска Конгресот на Бошњаците […]

Вести

Дејвис: Парламентот ќе го отфрли договор на Меј за Брегзит

Поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Парламентот ќе го отфрли договорот за Брегзит, а премиерката Тереза Меј ќе мора повторно да го преразгледа. – Мислам дека договорот ќе биде отфрлен од страна […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Интересно

НАСА објави снимки од нов огромен глечер на Антарктикот

Парче мраз сo површинa oд oкoлу 220 километри квадратни, пред еден месец се одвои од глечерот Пајн Ајланд на Антарктикот, соопшти НАСА објавувајќи фотографија направена при движење над огромната ледена површина. Глечерот „трипати поголем од […]

Интересно

НАТО: Опрема што ја носи норвешки снајперист за да преживее (ВИДЕО)

What does a 🇳🇴Norwegian sniper carry with him so he can survive out in the ❄️cold for at least 7 days? #WeAreNATO #Norway #TridentJuncture pic.twitter.com/mRDGlHSLD1 — NATO (@NATO) November 14, 2018

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*