Кривокапиќ: Владата нема да се откаже од нормализација на односите со Србија


– Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека неговата Влада нема да се откаже од норализација на односите со Србија, бидејќи тоа би значело откажување од роднините, браќата, пријателите, историјата, традицијата.



– Ние еден режим, покрај другото, го испративме во минатото поради фактот што сакаше сето тоа да ни го одземе, истакна Кривокапиќ за црногорската новинска агенција МИНА.

Тој додаде дека се уште е отворена поканата за српската премиерка Ана Брнабиќ и оти не е прашањето кој ќе ја пречека туку дали таа ќе најде време за посета на Црна Гора.

Кривокапиќ повтори дека Брнабиќ и сите од Србија се добродојдени во Црна Гора.