Криминалот во Грција, намален за 38 отсто


Криминалот во Грција, намален за 38 отсто - МИА

Атина, 9 април 2020 () – Забраната за движење и превентивните мерки постепено воведени од средината на март, го ставија во карантин и криминалот во Грција, со оглед на тоа дека бележи намалување од 38 отсто, јави дописничката на од Атина.

Според официјалните податоци од грчката полиција за месец март 2020 година, регистрирани се 151 кражба помалку во споредба со истиот период лани, односно од 395 се намалиле на 244 (38,23 отсто) на целата територија.

Во Солун, криминалот се намалил речиси двојни, односно од 54 кражби лани, 28 оваа година.

Слична е ситуацијата и со кражбите на возила – се намалиле за 33,69 отсто во споредба со лани.

Намалување на криминалот, за 34,93 проценти е регистриран и во првото тромесечје од 2020 година, споредбено со истиот период минатата година.

 


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]