Косовскиот премиер Хоти во посета на Тирана


Косовскиот премиер Хоти во посета на Тирана - МИА

 



Тирана, 3 јули 2020 () – По покана на албанскиот премиер Еди Рама, денеска во официјална посета на Тирана престојува неговиот косовски колега Авдулах Хоти, со кого по средбата одржаа задничка пресс конференција.

-Задоволство беше како и секогаш да го дочекаме во Тирана секој премиер на Косово а денес премиерот Хоти, иако заради вонредните околности како што знаете се сретнавме пред 48 часа во Приштина, рече Рама .

Додаде дека се договориле за одржување заедничка владина седница „со надеж дека ситуацијата Ковид-19 ќе го овозможи тоа да се случи во втората половина на септември“.

Рама исто така рече дека се договориле за уште еден важен настан што ќе се случи во Тирана, во Конгресната палата во ноември, кога двете влади заеднички ќе го спонзорираат првиот Конгрес на локалните власти.

-Сакаме ова да се претвори во традиционален Конгрес, каде градоначалниците на општините или комуните, како што се нарекуваат на Косово, заедно со нивните тимови можат да споделат добри искуства, заеднички предизвици во решавањето на проблемите во заедницата и секако и потенцијалот на заеднички иницијативи од областа на локалната самоуправа, рече Рама.

Според Рама три збора денес се клучни за иднината на Косово и за иднината на стратешките амбиции на Албанците.

– Тоа се меѓународна праведна правда, неспорна институционална стабилност и дијалог за мир со конечно признавање, што ќе ни дадат можност порано или подоцна да бидеме горди со успешно надминување на тешката фаза, рече Рама.

Косовсккот премиер Хоти, рече дека заедно со владата на Албанија се договорле да реализираат три стратешки проекти.

-Би сакал да споменам три главни проекти од стратешка природа, првиот е пристаништето Драч каде јас лично работев со поранешниот министер за финансии да имаме заедничка царинска испостава, но сега да имаме наша, косовска царинска испостава.Во областа на енергетиката, имаме комплементарни енергетски системи, но потребно е да се грижиме да го решиме овој проблем со изградба на хидроцентрала на територијата на Албанија за снабдување на Косово со електрична енергија, рече Хоти.

Тој се задржа и на дијалогот со Србија,кој,како што рече е подржан од САД од ЕУ.

-Сум слушнал за тоа дека постои конкуренција помеѓу САД и ЕУ за овој процес. Нивната улогата и јас ја гледам како комплементарна во процесот на дијалог . Имаме дијалог 9 години за нормализирање на трговските односи, за движење

на граѓаните, за признавање на дипломите, катастарот и сега разговараме за меѓусебно признавање, што е прва точка на можен договор меѓу двете земји, рече Хоти.

Додаде дека секогаш кога ќе биде поканет во Вашингтон и Брисел „ќе замине и ќе ја претставува државата Косово.


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*