Косово: Мустафа и Курти в понеделник ќе го потпишат договорот за коалиција


Коалицискиот договор меѓу Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) ќе биде потпишан во понеделник, 2 декември.

По денешната средба меѓу претседателот на Самоопределување Албин Курти и Иса Мустафа од ДСК, објавено е дека двете партии целосно ја усогласиле агендата на идната косовска Влада.

Исто така беше најавено дека одговорностите за управување ќе бидат споделени во наредните денови, „со разјаснување на ставовите и барањата на двете страни“.

– Претседателот на Самоопределување Албин Курти и претседателот на ДСК, Иса Мустафа денеска одржаа средба во Собранието на Косово. Состанокот заврши со стопроцентно усогласување на програмата за управување и договор за сите отворени прашања, соопшти Самоопределување.

– Од двата различни начини на владин кабинет со 12  министерства кои ги понудија работните тимови на нашите два субјекти, Курти и Мустафа се одлучија за првата верзија. Следниот чекор ќе биде изборот на одговорностите во заедничкото управување, за кое се разјаснети позициите и барањата. Значи темата е отворена и дефинирано е начелото на решението кое на крај ќе биде заклучено со со договор во понеделник, соопшти Самоопределување на Фејсбук.


Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Бизнис и економија

Нов протест на оштетените од Еуростандард банка

Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка најавуваат дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, како што наведуваат, „на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, а тоа е Народната Банка“. Протестот […]