Кордиќ: Мандиќ ќе биде претседателски кандидат на ДФ, ако Ѓукановиќ биде на ДПС

kordikj

Пратеничката на Демократскиот фронт (ДФ) на Црна Гора, Симонида Кордиќ, денеска соопшти дека претседателот на Нова српска демократија (НСД) и еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, ќе биде кандидатот на нивната алијанса на претседателските избори закажани за 19 март доколку кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) биде Мило Ѓукановиќ.

Кордиќ изјави дека е извесно дека столб на овие претседателски избори во Црна Гора ќе бидат тројца кандидати.

-Еден сигурно ќе биде кандидатот на претходниот режим, најверојатно господинот Ѓукановиќ. Вториот ќе биде кандидат кој најверојатно ќе има поддршка од центрите на политичката моќ надвор од Црна Гора. И третиот кандидатот на ДФ, кој ќе биде кандидат на народот, како изворен претседателски кандидат на граѓаните на Црна Гора, изјави Кордиќ за ТВ Црна Гора.

Претседателот на Социјалистичката народна партија (СНП), Владимир Јоковиќ денеска ги повика актуелните мнозински партии да се договорат за заеднички претседателски кандидат и повтори дека Миодраг Лекиќ е прифатлив за сите партии.

Facebook
Twitter
LinkedIn