Кон: Здравствениот систем е под тензија


Кон: Здравствениот систем е под тензија - МИА

Белград, 14 јули 2020 () – Епидемиологот Предраг Кон вели дека здравствениот систем, поради големиот број пациенти заразени со Ковид-19, е под голема тензија, но дека сè уште е под контрола затоа што има место за лекување на секој пациент.



Кон за ТВ Пинк изјави дека Србија е во неповолна ситуација, со тенденција да премине во вонредна состојба, притоа потсети дека во неколку градови веќе е прогласена вонредна состојба.

– Сè што е потребно во моментот, се прави, а тоа е проширување на капацитетите. Се осигура дека системот функционира, тој моментно е под контрола, затоа што секој сè уште има свое место за лекување, секој може да биде примен, само треба многу трпеливост, рече Кон.

Тој истакна дека е многу важно лицата постари од 65 години и хронично болните да носат маски.

– Кога вирусот циркулира, единствениот правилен начин да се намали преносот е сите да носат маска. Ако само хроничните пациенти и оние над 65 години ја носат, тие само ќе се заштитат себеси – 30 отсто. Ако сите носат, тогаш има 99 отсто заштита, истакна Кон.


Вести

„Нови лист“: Случувањата околу Северна Македонија се огледало на реалноста во ЕУ

– Сето она што се случуваше на релација меѓу ЕУ и Република Северна Македонија во изминативе 30 години, е огледало на реалната состојба во Унијата, оценува ријечкиот весник „Нови лист“ во текст посветен на европскиот […]

Вести

„Фајненшел тајмс“: Бугарија се приклучи кон проблематичната европска група

Скопје, 30 ноември 2020 Тензиите дополнително се зголемија во последните неколку недели, бидејќи Бугарија го блокираше отворањето на разговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ, зголемувајќи ги стравувањата дека може да им се придружи […]

Вести

САД со охрабрување билатералните прашања да се решаваат надвор од евроинтеративниот процес, но и со поддршка за првата меѓувладина конференција до крајот на годинава

– Северна Македонија и земјите-членки на Европската Унија добија охрабрување од САД да продолжат да бараат решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на земјава во ЕУ. САД, преку помошникот државен секретар за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*