Колефски од Глобочани: Ние, во Мала Преспа, сме благословени што сме дел од македонското јазично и културно наследство

kolefski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Градоначалникот на општина Пустец, Мала Преспа, Пали Колефски, обраќајќи се на денешниот културен настан во музејот „Стерјо Спасе“ во селото Глобочани, порача дека жителите во Мала Преспа, се благословени што се дел од македонското јазично и културно наследство.

Како домаќин на настанот, тој ги поздрави присутните и додаде дека општина Пустец организирајќи ја денешната културна манифестација во соработка со македонското друштво „Сонце“,достојно им одаваат почит на светите браќа Кирил и Методиј за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост.


– Нивната мисија на просветители беше да не осветлат со знаење, да ги охрабрат новите поколенија да го негуваат и одржуваат нашето јазично и културно наследство. Во општина Пустец, ние сме благословени што сме дел од ова наследство. Нашата општина не само што го чува, но и го одржува културното наследство на светите браќа. Преку нашите образовни установи и културни институции, ние го поддржуваме развојот на македонската писменост, ја шириме љубовта кон македонскиот јазик и го заштитуваме нашето богатство, порача Колефски.

Тој изрази благодарност до Бранислав Светозаревиќ за промоцијата на неговата книга „Македонци- милениумски сведоштва за идентитетското име” и филателистичката изложба „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“ од истиот автор.

На културната манифестација ќе се обратат македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски и претседателот на друштото „Сонце“ Васил Стерјовски, како еден од организаторите.

Општина Пустец опфаќа седум населени места распослани на брегот на Преспанското Езеро, населени со етнички Македонци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK