Која осигурителна компанија исплати најголеми премии за жртвите од земјотресот во Хрватска?


Република Хрватска во последните години беше погодена од бројни катастрофи – од катастрофални пожари и поплави, до земјотреси и порој во Загреб, во кои граѓаните изгубија имот коj гo стекнуваа можеби цел живот. Според сеизмолошките  истражувања, Хрватска, заедно со Грција, Турција, Северна Македонија и Италија е во област со најтектонски ризик во Европа. Ова и беше причина зошто Хрватска доживеа неколку големи земјотреси и низ историјата, а и ланската година. Во март минатата година беше погоден Загреб и неговата околина. После тоа, и во следните два месеци, областа доживеа голем број помали земјотреси кои не беа воопшто пријатни за никој од жителите на областа. На истекот на ланската година силен земјотрес го погоди и Петриња, односно сисачко-мословачкиот округ каде сè уште има повремени потреси.



Оние граѓани кои беа оштетени со пролетниот земјотрес, а кои имаа осигурителни полиси за заштита од земјотрес, во голем дел веќе ја добија премијата од осигурителните компании со која можеа да ги направат потребните поправки во своите домови и да ги санираат штетите од земјотресот. Останатите ќе треба тоа или самите да го платат или да чекаат државата да изврши санација, но и тука ќе биде потребно сопствено учество.

Во Загреб, каде пролетниот земјотресот беше помалку разорен, според Хрватското биро за осигурување, штетите што осигурителните компании ќе ги исплатат достигнуваат речиси 53 милиони евра (400 милиони куни). Притоа, до  30 ноември 2020 година се исплатени 31,5 милиони евра (237,5 милиони куни) и според проценките ќе треба да се исплатат уште дополнителни 20 милиони евра (150 милиони куни).

Најмногу штети има реализирано Кроациа осигурување, која за овој земјотрес досега има исплатено речиси 20 милиони евра (150 милиони куни) за 5000 пријавени штети. Во оваа осигурителна компанија велат дека извештаите за штети од последните земјотреси во сисачко-мословачкиот округ штотуку почнуваат да пристигнуваат, но станува збор за мал број извештаи со оглед на тешката состојба што сè уште трае во оваа област каде почвата се уште не се смирува.

Откако минатогодишните катастрофални земјотреси ја погодија централна Хрватска, раселија бројни семејства и зедоа човечки жртви, сè повеќе луѓе се заинтересирани за осигурување од земјотрес, за што многумина не помислуваа пред 2020 година и до скоро се сметаше исклучиво како трошок. Денес, кога стана јасно колку време ќе и треба на државата да започне реконструкција и дека не секој ќе има право на државна помош при реконструкција, осигурувањето од земјотрес во Хрватска стана многу барано. Тоа го покажуваат податоците според кои интересот за склучување договори за осигурување од земјотрес се зголеми за неверојатни 28 проценти на ниво на пазарот.

Сепак, од осигурителните компании сметаат дека не треба да се реагира само по вакви катастрофи туку дека е важно да се подигне нивото на свесноста на граѓаните за неопходноста од инвестирање во ваков вид заштита и да се развие осигурителна култура. Особено кога станува збор за осигурување имот или осигурување од земјотреси, пожари, поплави и други опасности.