Кнут Флекенштајн именуван за советник на албанскиот собраниски спикер


Кнут Флекенштајн именуван за советник на албанскиот собраниски спикер - МИА

Тирана, 23 мај 2020 () – Поранешниот европратеник и поранешен известувач за Албанија, Кнут Флекенштајн е назначен за советник на претседателот на албанскиот
Парламентот, Грамоз Ручи.

Флекенштајн, кој ќе работи како советник за интеграција во кабинетот на собранискиот спикер, на Твитер напиша дека албанскиот Парламент има многу значајна улога во процесот за членство во ЕУ.

– Среќен сум што започнавте да работите кон полноправно членство на Албанија во ЕУ. Албанскиот Парламент има многу значајна улога во овој процес. Му благодарам на
претседателот на Парламентот за дадената доверба. Со нетрпение очекувам да работиме сите заедно, напиша тој на Твитер.

Новата функција му ја честиташе и му поска добредојде Таулант Бала, координатор на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија.

– Добредојдовте Кнут Флекенштајн за да работиме заедно, за да не советувате за исполнување на нашите обврски за членство во ЕУ. Албанскиот Парламент останува посветен за напорно работење, одобрување и спроведување на реформите, во координација со нашите клучни партнери, особено ЕУ и САД, напиша Бала.

Кнут Флекенштајн е роден на 20 декември 1953 година и е германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент од Германија. Член е на Социјалдемократската
партија на Германија, која е дел од Партијата на европските социјалисти.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]