Кипар објави ажурирана листа со земји за кои е дозволено патување на островот


Туристички протоколи за патување на Кипар - МИА

Никозија, 29 јуни 2020 () – Врз основа на епидемиолошката слика во секоја земја, Министерството за здравство на Кипар објави ажурирана листа со 36 држави,поделени во две категории, за кои е дозволен влез, јави дописничката на од Атина.

Врз основа на епидемиолошките податоци, репродукцискиот број Р, бројот на нови случаи, стапката на смртност на 100.000 жители, како и од рангирањето од Светската здравствена организација, 22 земји се во првата, а 14 земји во втората категорија.

Во првата категорија земји со ниска опасност се Австралија, Австрија, Хрватска Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Швајцарија, Јапонија, Унгарија, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Словачка, Словенија и Јужна Кореа и за нив не се предвидени никакви рестрикции и не е потребен тест за Ковид-19.

Во втората група земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж опасност во споредба со првата“, се Бугарија, Белгија,  Франција, Ирска, Израел, Италија, Либан, Јордан, Холандија, Шпанија, Полска, Романија, Србија, Обединети Арапски Емирати и задолжителна е потврда за негативен ПЦР тест  направен 72 часа пред патувањето.

Министерството за здравство на Кипар претходната листа ја објави пред 10 дена, а од тогаш промените се во однос на Бугарија и Србија.

Бугарските државјани се префрлени во втората категорија, во која сега, вклучени се и српските туристи, кои на претходната листа не фигурираа.

Странските туристи, пред да го посетат Кипар, задолжително е да достават барање за „Cyprus Flight Pass“ (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето.

Паралелно, ќе се врши и тестирање по случаен избор на аеродромите за посетители, кои пристигнуваат со одредени летови.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*