Ким Мехмети: Еди Рама е заколнат „Србин“ по политичките убедувања

kim-mehmeti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Не еднаш досега премиерот на Албанија ја критикуваше официјална Софија за нејзиниот однос кон Македонија и македонскиот народ. Нешто што може да ги изненади само оние кои сè уште не разбрале дека тој по политички убедувања и ставови е заколнат „Србин“ и како таков гледа околу себе со „очите“ на официјален Белград“.


Вака за агенцијата БГНЕС изјави публицистот и новинар Ким Мехмети по повод „скандалозниот говор на премиерот на Албанија Еди Рама во Блед, во кој односот на Бугарија кон РСМ го спореди со односот на Русија кон Украина“.

„Да не беше така, тој одамна ќе разбереше дека проблемот за Македонија оди подалеку од нејзините недоразбирања со Бугарија: дека и таа ја гради својата сегашност врз темелите на „српскиот“ ум, т.е. на природните „непријатели“ на Македонците – Албанците и Бугарите и нивните природни „штитеници и браќа“ – Србите!

Но, како и да е, треба да се истакне дека критиките на албанскиот премиер кон официјална Софија го надминуваат неговото лично политичко слепило и ја откриваат вистината дека, во голема мера, во официјална Тирана политичкиот часовник запре сега кога со Албанија владеат емисари на Москва и Тито, според кој на овие простори има само еден центар на регионално влијание – Белград!

Да, односот на премиерот на Албанија кон бугарско-македонските недоразбирања, како и неговата перверзна „одбрана“ на РСМ, само ја открива вистината дека и денес Албанија во голема мера е освоена од оние кои не се ослободиле од српските вистини, оние кои и интересите на својот албански народ ги гледаат низ „очите“ на српскиот ум“, коментира Мехмети за БГНЕС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK