Кикиљас: Повеќе позитивни случаи на Ковид-19 имаме од копнената граница, отколку од авиолиниите


Кикиљас: Повеќе позитивни случаи на Ковид-19 имаме од копнената граница, отколку од авиолиниите - МИА

Атина, 9 јули 2020 () – Ме загрижува одредената опуштеност, но од друга страна со смиреност и професионалност и со план ќе се справиме, чекор по чекор со било која ситуација и да произлезе,  вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Стар“,  јави дописничката на од Атина.

Во однос на позитивните случаи на Ковид-19 кај туристи кои доаѓаат во Грција, Кикиљас вели дека повеќето се од копнената граница.

-Процените се дека до денес, повеќе случаи имаме од патните мрежи што водат до нашите граници, отколку од летовите од авиолиниите. Сепак, ова е динамично и може да се смени, да се менува во секој  момент, рече Кикиљас и порача дека и грчките граѓани и туристите треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.

И покрај зголемениот број случаи во Грција во изминатите денови, министерот за здравство потенцира дека ситуацијата е под контрола и „нема да оставиме да излезе од контрола“.

Додава дека Комисијата за заразни болести секојдневно има состаноци и на дневна и седмична база ги разгледува и оценува епидемиолошките податоци.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*