Кикиљас: Нема да има втор карантин, имаме план Б


Кикиљас: Нема да има втор карантин, имаме план Б - МИА

Атина, 15 јули 2020 () – Не можеме да одиме на втор карантин, имаме план Б, како што се локални карантини, тестови за повеќе туристи или задолжителни тестови, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на од Атина.

-Сите земји, и оние кои беа во многу полоша ситуација од нас, кои не внимаваа или донесоа погрешни мерки, сега одат на постепено укинивање на мерките. Ние имаме втор план, план Б за локални карантини, за дополнителни корекции, за PCR тестови евентуално за повеќе туристи или да бидат задолжителни. Тоа се работи кои секојдневно ги разгледуваме со експертската комисија, која ѝ дава препораки на Владата. Треба да научиме да живееме со вирусот, вели Кикиљас.

Истакна дека од сите зависи дали ќе има едноставно зголемување на случаите, кое што може да се контролира или втор бран и додаде дека „е прашање на одговорност на органите на државата, но и на индивидуалната одговорност и на туристите и на граѓаните“.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*