Поминаа неколку дена откако Србија ја погоди веста дека во Бањско поле кај Бор е убиена малата Данка Илиќ (2).
Нејзиното тело, се уште не е пронајдено. Еден настан што се случи во меѓувреме ја искомплицира ситуацијата – тоа е ненадејната смрт на братот на осомничениот за убиството на девојчето, кој призна дека му помогнал на својот брат да се ослободи од телото, пишуваат српските медиуми.
Овој факт може да влијае на истрагата, бидејќи тој беше еден од клучните луѓе кои можат да помогнат во потрагата по телото на Данка, анализира „Блиц“.
Медиумот пишува дека иако осомничените целосно го признале делото што го направиле, една работа останува мистерија – каде и како е скриено телото на Данка.
Полицијата денеска продолжува да ги пребарува сите локации каде би можело да биде телото на убиената девојка, а полициската мајорка Бојана Отовиќ Пјановиќ истакнува дека постојат повеќе верзии, поради што осомничените не сакаат да откријат каде е телото.
„Може да направиле нешто помонструозно со телото на детето. Како мајка и човек, тешко ми е да кажам што мислам дека направиле. Не можам да кажам што мислам дека направиле“, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ.
Полициската службеничка посочува дека сака телото на убиената Данка Илиќ да биде пронајдено што поскоро, за родителите да го погребаат своето дете.
„Не е во прилог на никого што поминува ден за ден, но мојата најголема желба е родителите да го најдат својот мир“, вели таа.
Посочи и дека осомничените може да одговараат за тешко убиство иако нема тело и дека се собрани доволно материјални докази.
Таа откри и во кој момент може да се запре потрагата.
„Сакам да верувам дека ќе го најдеме телото“, рече Отовиќ Пјановиќ.
„Ова навистина не е нормално, не е природно. Немам зборови за нивните постапки, сурово, е благ збор“, рече таа.
С.Ј и Д.Д, кои беа уапсени под сомнение за убиство на Данка Илиќ, беа сослушани и приведени. Д.Д. пред обвинителот го признал делото, додека С.Ј. се бранел со молчење. На двајцата им е одреден притвор до 30 дена.