Јоану: Кипар е единствена земја во ЕУ со тестирани 12 отсто од населението за Ковид-19


Јоану: Кипар е единствена земја во ЕУ со тестирани 12 отсто од населението за Ковид-19 - МИА

Никозија, 29 мај 2020 () – Кипар е единствената земја во Европската унија што изврши тестирање за Ковид-19 на 12 отсто од населението, изјави министерот за здравство на Кипар, Константинос Јоану пред парламентарната комисија за здравство, пренесоа кипарските медиуми, јави дописничката на од Атина.

Јоану ја информирал надлежната комисија за тестовите направени на Кипар, објаснувајќи дека досега во земјата се направени 106.000 анализи, односно 12.094 на 100.000 жители.

Паралелно, објаснил дека тестовите, досега ја чинеле земјата 6.766.000 евра и истакнал дека Кипар заедно со Романија се меѓу земјите од ЕУ со најевтини тестови. На Кипар чини 65 евра, а во Романија со 63 евра.

Според официјалните податоци од Министерството за здравство на Кипар заклучно со вчера, регистрирани се 941 позитивни случаи на Ковид-19, а од почетокот на епидемијата починаа 17 лица.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]