Јакнење на човечкиот капитал како одговор на демографските промени во ЈИЕ


Инвестирање во човечкиот капитал, особено во здравјето на луѓето, образованието и иновативниот потенцијал е клучната стратегија за одговор на демографските промени во Југоисточна Европа, заклучија учесниците на регионалната конференција што во Сараево ја организираше Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА.

На конференцијата беше посочено дека државите од Југоисточна Европа со години имаат ниски стапки на фертилитет и високи стапки на миграција, најчесто на млади луѓе и оти ова води кон тоа државите во регионот да стануваат се помали и се постари. Над 100 претставници на влади, граѓанското општество, меѓународни организации и академците идентификуваа серија на стратегии како одговор на демографските промени.

– Очигледно е дека рапидната демографска промена во Југоисточна Европа бара итни одговори. Но, мора да се тргнеме настрана од негативните сценарија и да ја претвориме кризата во можност, истакна Алана Армитаж, регионална директорка на Источна Европа и Централна Азија.

Според неа, целта е да се креираат држави каде луѓето сакаат да живеат и да се создадат општества каде младите луѓе ќе може да ги реализираат своите соништа и да ја изградат својата иднина.

Дводневната конференција ја организираше УНФПА во соработка со Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Советот за регионална соработка и Економската комисија на Обединетите нации за Европа. Конференцијата е дел од низата настани што водат до Самитот во Наироби за ICPD25 што ќе се одржи од 13 до 15 ноември годинава.

Оваа година, УНФПА ја одбележува својата 50-годишнина и 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD).


Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Регистрирани 101 новозаразен со КОВИД, пет лица починати, 22 оздравени - МИА
Вести

Од 3700 активни случаи на Ковид-19, во Скопје 1426, најмногу во Чаир, Аеродром и Кисела Вода

Скопје, 1 август 2020 () – Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на Ковид-19, најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини во Скопје најмногу има во […]