Изетбеговиќ и Човиќ денеска ќе разговараат за долгоочекуваните измени на Изборниот закон во БиХ



За локалните избори во БиХ пријавени 587 политички субјекти - МИА

Сараево, 16 септември 2020 () – Лидерите на Партијата за демократска акција (СДА) и на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Бакир Изетбеговиќ и Драган Ѓовиќ ќе се сретнат денеска во зградата на Парламентарното собрание на БиХ за да разговараат за измените на Изборниот закон.

Двајцата лидери со години неуспешно преговараа за измените на Изборниот закон, за денеска да се состанат по првпат од потпишувањето на договорот за Мостар.

Како што пренесува порталот Кликс, не треба да се очекува многу од првата средба, но се верува дека до крајот на годината ќе биде постигнат договор.

Изетбеговиќ изјави дека ќе се сретне со Човиќ и дека не очекува некои посебни промени. – Ветивме дека ќе се сретнеме и тоа е она што го правиме, рече тој.

Човиќ потврди дека ќе се одржи состанок, истакнувајќи дека треба да се овозможи „легитимно застапување на Хрватите“.

Во јули, Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина усвои предлог-закон за измени на Изборниот закон на БиХ, што се однесува на градот Мостар. Со измените се овозможува
одржување на избори во поделениот град во јужниот дел на БиХ, првпат по 12 години. Барањето за измени на Изборниот закон беше поднесено од пратениците на Партијата за демократска акција (СДА) и
Хрватска демократска заедница БиХ (ХДЗ), откако лидерите на двете партии Бакир политички договори за изборите во Мостар и за измени на Изборниот закон.

Договорот е постигнат по пресудата од Судот за човекови права во Стразбур.

 


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.683.835 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.008.525 пациенти, а оздравеле 24.982.499 луѓе. Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 135 нови […]

Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*