ИНСТАТ: Албанија лани ја посетиле 2,6 милиони туристи или 3,8 милиони помалку од 2019


По туристичкиот бум во 2019 година кога Албанија ја посетиле 6,4 милиони странски туристи, 2020 година е една од најтешките за туристичкот сектор, како еден од главните столбови на домашната економија.



Тоа како последица на затворањето на границите и другите рестриктивни мерки преземени во контекст на пандемијата со Ковид-19.

Податоците објавени од Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека минатата година Албанија ја посетиле 2,6 милиони или 3,8 милиони туристи помалку отколку во претходната година.

Најбројни се граѓаните на Косово, кои иако бројчано се малку за 900.000 посетители,сепак тие може слободно да се каже дека го спасија албанскиот турзам, бидејќи сочинуваат околу 2,2 милиони од вкупниот број странски туристи.

-Бројот на туристите од соседните земји и од регионот, како што се Македонија или Црна Гора, е преполовен, додека најголем пад е забележан кај посетителите од Полска и Шпанија, кои се 90 отсто помалку споредено со лани,наведува ИНСТАТ.

Наметнувањето на ограничувачки мерки поради пандемијата ги оневозможи и албанските граѓани да патуваат во странство, бидејќи според податоците во странство патувале 2,9 милиони, наспроти 5,7 милиони во 2019 година,која беше една од најпозитвните за турстичката ндустрија,како по бројот на туристи така и во приходи.

Без оглед на ударот што лани го претрпе туризмот првиот човек на албанскиот туристички сојуз Рахман Каса е оптимист во врска со закрепнувањето на секторот во 2021 година, но додава дека сè ќе зависи од текот на пандемијата.

-Не можеме да зборуваме за враќање на туристите како во 2019 година, но се надеваме на подобра година од 2020, врз основа на сигналите и тековните контакти што ги имаме со партнерите и договорите. Последните две недели работите почнаа малку да се придвижуваат, резервациите започнаа. Главно од земјите од Централна Европа, Полска и Чешка а има и од нордиските земји, вели Каса.

Додава дека добар дел од туристичките агенции ставиле клуч на врата, бидејќи не можеле да ги зачуваат вработените, да плаќаат закуп за просториите, како и даноци.