Инцко: Убеден сум дека во 2021 година можеме да отвориме поуспешно поглавје во БиХ


Високиот меѓународен претставник за БиХ Валентин Инцко рече дека дваесет и пет години откако Дејтонскиот мировен договор стави крај на војната во БиХ, земјата денес се соочува со огромни предизвици.



-Сепак, додека ги решаваме, да не заборавиме дека Дејтон го зачува мирот. А тоа не е малку. Само накратко да се потсетиме на ситуацијата во Нагорно-Карабах, Кавказ или на Блискиот исток или да се потсетиме на бегалската криза. Но, мирот не е крај. Мирот е почетна точка. Или, како што рече покојниот висок претставник Педи Ешдаун, „Дејтон е темелот, а не таванот“. Дејтон е основа за државата што се обидуваме заедно да ја градиме и надградуваме – рече Инцко по повод 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.

Тој посочува дека мирот овозможи да се оди напред, иако земјата се движи многу побавно отколку што граѓаните со право очекуваат.


Вести

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, […]

Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*