И покрај најавите музеите, галериите и библиотеките во Словенија засега остануваат затворени


И покрај најавите музеите, галериите и библиотеките во Словенија засега остануваат затворени - МИА

 

Љубљана, 29 април 2020 () – И покрај најавите на Владата дека од денеска повторно ќе продолжат со работа музеите и уметничките галерии тоа сепак не е случи, јави дописникот на од Љубљана.

Управите на овие институции кажаа дека не е можно веднаш да отворат објектите, бидејќи им е потребно време да ги исполнат сите услови за да можат граѓаните да ги посетуваат без голем ризик дека ќе се заразат.

Според најавите од понеделник повторно ќе можат да бидат отворени и угостителските објекти, но само отворениот дел од истите, односно терасите. Угостителите реагираа дека доколку не им се дозволи да работат рентабилно, односно да услужат доволен број на гости, економски по исплатливо им е воопшто да не отвораат, бидејќи тоа само по себе е голем трошок.

Владиниот портпарол Јелко Кацин изјави дека денес ќе се разговара за динамиката на укинување на забраните, меѓу кои онаа со која на граѓаните им се забранува да ги напуштаат општините во кои живеат.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]