Хоти: Ја прифаќам одлуката на Уставен за вонредни избори, претходно да се усвои буџетот



Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека беспоговорно ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за прогласување за нелегитимна на Владата која тој ја води и организирање вонредни парламентарни избори, јави  дописникот на МИА од Приштина.


 

Хоти попладнево на прес-конференција рече дека е „добро тоа што Уставниот суд ја појасни ситуацијата“ и нагласи дека актуелната Влада останува на должност до изборот на нова Влада.

– Ние ќе ја продолжиме нашата работа (…) ќе ги исполниме нашите обврски. Им гарантирам на граѓаните и на нашите партнери, бизнисите, дека ќе работиме посветено, посебно во справувањето со ситуацијата со пандемијата на Ковид-19, порача Хоти.

Уставниот суд на Косово синоќа го прифати барањето на опозициското Движење самоопределување (ВВ) за прогласување за неважечки на еден од гласовите на пратениците за избор на актуелната влада. Со оглед дека без тој глас кабинетот на Хоти на 3 јуни не би обезбедил мнозинство од 61 пратеник во Собранието, Судот одлучи дека и тогаш изгласаната Влада нема легитимитет.

По оваа одлука, вршителката на должноста претседател на државата, Вјоса Османи, согласно Уставот, треба по консултации со партиите, ои ги започна денеска, да го одреди датумот на одржување на вонредните парламентарни избори, кој може да биде најдоцна 40 дена по распуштањето на Собранието.

Хоти на денешната прес-конференција побара Собранието да не се расушти пред да се изгласа буџетот на државата за 2021 година.

– Пред себе имаме значајни работи, како што е буџетот. Го човикувам Собранието да не се распушти без да се изгласа буџетот заз 2021 година. Дел од буџетот се заснова на меѓународни договори. Откако Собранието ќе го изгласа, ќе ја продолжиме работата како привремена влада и  ќе ја продолжиме реализацијата на програмата за економско закрепнување, односно на пакетот за јануари 2021 година, рече Хоти.